Нашата перцепција за реалноста не е секогаш совршена. Само размислете како нашиот мозок реагира на оптички илузии. Но, зошто некои луѓе доживуваат аудитивни халуцинации, на пример, слушаат гласови во главата, а другите не?

Психијатарот А. Р. Пауерс од Универзитетот Јеил и неговите колеги тргнале да го најдат одговорот. Во неодамна објавеното истражување во Science, тие објаснуваат како некои луѓе се „премногу обземени“ од нивните очекувања и асоцијации што ги направиле врз основа на искуството, што ги прави повеќе подложни на аудитивни халуцинации.

Тие користеле техника наречена „Павлов рефлекс“ да предизвикаат аудитивни халуцинации. Ова е кога еден стимул се воведува со друг, создавајќи асоцијација меѓу двете. Во оригиналниот експеримент, Павлов ги обучувал кучињата да го поврзуваат ѕвонењето на ѕвонче со храна. Овде Пауерс и колегите користеле шаховска табла и тон.

Научниците ги пуштале звуците во исто време кога ја покажувале шаховската табла за да создадат асоцијација помеѓу двата стимули во очите (и ушите) на учесниците. Ова го правеле неколку пати, прилагодувајќи го интензитетот на тоновите. Понекогаш воопшто не го репродуцирале тонот и ја прикажувале само шаховската табла. За време на експериментот, голем број од испитаниците твредете дека слушнале звук и кога не бил пуштен, но некои ги доживеале почесто и со поголем интензитет од другите.

Пред експериментот, тие биле поделени во четири групи; Двајца што слушаат гласови (луѓе дијагностицирани со шизофренија и самодијагностицирани „видовити/медиуми“) и двајца кои не слушаат гласови(здрави луѓе и луѓе со психоза кои не слушаат гласови). Секој учесник морал да притисне копче „да“ или „не“, во зависност од тоа дали го слушнале тонот. Колку посигурни биле тие со својата одлука, толку подолго би го притискале копчето.

Иако не звучи изненадувачки, оние со историја на аудитивни халуцинации имаа поголема веројатност да „слушнат“ непостоечки тон. Како и пет пати поголема веројатност да пријават халуцинација, тие биле 28 проценти посигурни во нивната проценка отколку оние без историја на аудитивни халуцинации.

Истражувачите откриле дека луѓето со психоза, без разлика дали тоа е шизофренија или психоза без аудитивни халуцинации не ги „слушаат“ непостоечките тонови бидејќи им било тешко да ја поврзат шаховската табла со звуците, во споредба со останатите луѓе.

Компјутерското моделирање на мозокот на учесниците се покажало како многу корисно. Оние кои доживеале тешки халуцинации покажале помала активност во малиот мозок. Малиот мозок е одговорен за планирање и координирање на идните активности. Ова бара да се биде во можност да се обноват верувањата за надворешниот свет и се вклопува со останатите наоди на експериментот.

Ова го потврдува претходното истражување кое ја разгледува корелацијата меѓу претпоставките и очекувањата на луѓето со визуелни халуцинации. Но што сега? Овие податоци можат да се искористат за да се помогне во разликувањето помеѓу психотичните и непсихотичните слушатели на гласови. Ова значи дека, во иднина, истражувачите ќе можат да откријат дали луѓето што се соочуваат со халуцинации се движат кон психоза и доколку се движат да бидат во можност да направат таргетирани третмани.

Сподели на Facebook
пати видено