Во пресрет на автономниот воз кој ќе го стави во употреба Кина, рударската корпорација „Рио Тинто“ му го претстави на светот својот прв целосно автономен воз, кој моментално е пушен во функција во Западна Австралија. Од „Рио Тинто“ оваа недела потврдиле дека возот функционира одлично и може да патува скоро 100 километри на час, секако без машиновозач.

„Рио Тинто е горд што е лидер во иновациите и автономната технологија во глобалната рударска индустрија која обезбедува долгорочни конкурентни предности додека ги градиме рудниците на иднината. Се создаваат нови улоги за управување со нашите идни операции и ние ја подготвуваме нашата актуелна работна сила за нови начини на работа за да осигуриме дека тие ќе останат дел од нашата индустрија”, изјавил Крис Салисбери, главен извршен директор на „Рио Тинто“.

Возовите на „Рио Тинто“ сега ја пренесуваат нивната руда, а компанијата има за цел да направи мрежа од вакви целосно автономни возови. Од почетокот на 2017 година почнаа да се користат автономни возови, кои извршувале 50 проценти од железнички операции самостојно, но секогаш мораше да биде присутен и машиновозачот. Од „Рио Тинто“ ја надминале таа пречка.

Од компанијата имаат за цел целосно автономната мрежа на возови да ја стават во функција во последните месеци во 2018 година, но првин тие треба да потврдат дека сите безбедносни мерки се опфатени.

Сподели на Facebook
пати видено