Од роботи кои можат беспрекорно да направат салто, електрични автомобили, кои можат да поминат преку 950 километри со едно полнење, станува се поочигледно дека иднината е многу поблиску отколку што претходно можевме да замислиме. Светот полека се спрема за иднината, а Обединетите Арапски Емирати го прават тоа на најбрз можен начин. Се разбира нема план за иднина кој може да се разгледува без учество на вештачката интелигенција и затоа ОАЕ стана првата нација со владин министер посветен на ВИ.

Да, ОАЕ сега има министер за вештачка интелигенција. „Ние сакаме Обединетите Арапски Емирати да станат најпреготвената земја за вештачка интелигенција во светот“, изјавил заменик-претседателот на ОАЕ и премиер и лидер на Дубаи, Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, за време на објавувањето на оваа позиција.

Првото лице кое ја окупира позицијата на државниот министер за ВИ е Х.Е. Омар Бин Султан Ал Олама. 27-годишниот Омар во моментов е Управниот директор на Самитот на Светската Влада во Кабинетот на Премиерот во Министерството за Кабинетски Работи и Иднината, а има дипломи на Управување со Проектен Менаџмент и дипломи од Американскиот Универзитет во Шарџа и диплома од Бизнис администрација од Американскиот универзитет во Дубаи.

Во интервју за Futurism Омар вели: „Со интернет, видовме генерација која има толку многу знаење. Замислете ако ВИ успее да ни помогне да ја испорачаме таа содржина на начин кој ги тера луѓето да ја разберат, запаметат и да се сметаат за лидери во неа. Не мислам дека во иднината ќе има тестови, испити или строго помнење. ВИ ќе ни помогне да направиме повеќе заеднички и личен процес на учење.“

Тој продолжува напоменувајќи дека ВИ може да направи повеќе отколку само да ни помогне да научиме нови вештини, може да ни помогне да научиме за какви вештини имаме природна способност: „Тоа ќе ни помогне да можеме да идентификуваме што е добро кај секоја личност, а потоа да дозволи да се утврди како да се осигураме дека секој го има методот за доставување информации што им е потребен за да напредуваат.“

Обединетите Арапски Емирати се надеваат дека иницијативите за ВИ ќе го охрабрат остатокот од светот навистина да размисли за тоа како треба да изгледа иднината на ВИ. „ВИ не е негативна или позитивна. Таа е помеѓу. Иднината нема да биде црна или бела. Како и со секоја технологија на Земјата, таа навистина зависи од тоа како ја користиме и како ја спроведуваме“, рече Ал Олама. „Луѓето треба да бидат дел од дискусијата. Тоа не е една од оние работи за кои само одредена група луѓе треба да разговараат и да се фокусираат.“

Сподели на Facebook
пати видено