Данакил депресија е жешка, сува, полна со лава, пеколна дупка, која има езера со киселина, но некако сè уште има живот во оваа место. Ова место се нарекува „Портата на пеколот“ и тој назив воопшто не е претеран. Данакил депресијата се наоѓа во Етиопија и е геолошка депресија која резултирала од присуство на три тектонски плочи.

Ова е веројатно најжешкото место на Земјата, со температури регистрирани до 55 степени целзиусови, без да се земе во предвид температурата која излегува од под земјата, од смртоносните геотермални извори и вулканите кои исфрлаат лава. Тука скоро никогаш не паѓа дожд, а езерата се полни со киселина.

Иако сите би помислиле дека не постои начин, за големо изненадување на сите, научниците откриле дека два вида на бактерии, екстремофили живеат во овој пекол.

Да се пронајде живот на оваа место не била лесна работа за научниците. Постои опасност од интензивната топлина и можноста да се лизнете во езерата со киселина. Истражувачите исто така морале да носат гас маски поради токсичниот водух во оваа област. Биле потребни неколку години истражување пред да се одлучат научниците дека е доволно безбедно да се излезе на терен.

Организмите биле пронајдени на две одделни локации, од кои едната била базен со киселина со нула pH, нов рекорд на екстремнофили. Овие екстремофили биле класифицирани како Полиекстремофили бидејќи можат да живеат во екстремна киселост, високи температури и висока соленост одеднаш.

Ова откритие исто така ги зголемува изгледите за наоѓање живот на други светови. Доколку овие бактерии можат да живеат на Земјата во вакви услови истите би можеле да се наоѓаат и на Марс или некоја друга планета.

Сподели на Facebook
пати видено