Идејата за древни цивилизации кои живееле на нашата планета пред илјадници години отсекогаш постоела и ги интригирала научниците и историчарите. Од време на време експертите доаѓаат до неверојатни откритија кои го менуваат нашиот поглед кон историјата. Што ако во далечното минато, пред 100.000 години нашата планета била населена од цивилизација целосно различна од онаа што ја имаме денес?

Напредна цивилизација ја населила Африка пред повеќе од 100.000 години

Околу 150 километри западно од Мапуто пронајдени се остатоци од голема метропола, чија што големина изнесува околу 1.500 километри квадратни. Според истражувачите овој голем антички град е дел од уште поголема заедница, која се простирала на површина од 10.000 километри квадратни. Се верува дека овој град бил изграден 200.000 до 160.000 години п.н.е. Интересно е што во околината се наоѓаат рудници со злато. Истражувачите сметаат дека тука живеела напредна цивилизација од минатото на која што целта им била ископување на злато. Најчесто за оваа место ги поврзуваат древните Анунаки.

Изгубената цивилизација на Амазон

Во густата џунгла на Амазон има голем број на мистерии кои би можеле да ни помогнат да го сфатиме начинот на живеење на древните цивилизации. Иако некои истражувачи сметаат дека пирамидите од Паратоари се само подигнати гребени, кои случајно земале облик на природна пирамида, многу други истражувачи тврдат дека овие структури се изградени во далечното минато, од страна на цивилизација, која денес е непозната за нас. Повеќето експедиции во овој регион открија дека Инките биле населени во оваа област. Мистериозните пирамиди за прв пат биле откриени од сателит на НАСА во 1976 година и оттогаш многу истражувачи вложуваат време и труд за да дознаат нешто повеќе за оваа древна цивилизација.

Можеби живееле вонземски цивилизации на нашата планета, можеби нашите предци биле многу понапредни одошто мислиме, сепак сеуште нема доволно цврсти докази кои целосно ќе потврдат некоја од овие теории, кои што сега за сега се само добри претпоставки.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено