Библискиот и историски истражувач Ралф Елис тврди дека го пронашол првиот и единствен портрет од Исус Христос, и смета дека овој факт може да ја смени целосно историјата на Христијанството.


Сликата од Исус е искована на мала бронзена паричка која датира од првиот век, и претходно се верувало за неа дека тоа е лицето на Месопотамискиот крал Ману, кој владеел со Месопотамиското царство од Едеса во северо источна Турција. Според Ралф, Ману и Исус се истата личност, што значи ликот од паричката се однесува и на Исус.


Ралф Елис веќе подолг период ја истражувал библијата и ги проверувал историските податоци со што забележал повеќе сличности помеѓу Месопотамискиот крал и Христос. Тој вели “Исус , кој што е најважната личност во западната историја заслужува да излезе од сенките на библијата и да излезе на сонцето пред историјата”.

Според истражувањата на Елис се докажало дека Ману и Исус биле Евреи од Назарет кои живееле во првиот век. Исто така тој верува дека починале на ист начин со распнување како казна од Римската империја. Исус бил единствениот затвореник кој бил приморан да носи пурпурна наметка и круна од трње. Елис смета дека круната од трње на главата на Исус и наметката всушност ја репрезентираат неговата кралска положба, и како таа го довела во оваа позиција, а на кованата монета се гледа дека круната на кралот изгледа како да е од трње. Овие тврдења сеуште не се општо прифатени, но со сигурност ќе ги натера сите да се запрашаат што навистина се случило.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено