Чезаре Ката, професор кој работи за италијанско училиште во Фермо, им дал на своите ученици необична домашна задача – список од 15 задачи. И тоа е најдоброто нешто што можел да стори за нив. Еве ја листата, која доби огромна популарност на интернет:

1. Одете на прошетка по брегот секое утро сами, гледајте како сончевата светлина се рефлектира во водата и размислете за работите кои ве прават среќни.

2. Обидете се да ги користите сите нови зборови кои ги учиме во училиште во текот на годината. Колку повеќе зборувате, толку повеќе мисли ќе имате. Колку повеќе мисли имате толку послободни ќе бидете.

3. Прочитајте што е можно повеќе. Не затоа што треба, туку затоа што летото е време на инспирација за соништа и авантури, а читањето е како летање. Читањето е најдобрата форма на бунт.

4. Избегнувајте луѓе, работи и ситуации поради кои се чувствувате несреќни или празни. Барајте инспирација и пријатели кои ве збогатуваат, разбираат и ценат поради тоа што сте.

5. Ако се чувствувате тажни или ви е страв, не грижете се. Летото, како и секое друго време во животот може да ја доведе душата до забуна. Обидете се да водите дневник и опишете како се чувствувате (ако сакате може да го прочитаме во септември заедно).

6. Танцувај без срам. Направете го насекаде каде што можете – на подиумот или дома сами. Летото е за танцување и глупаво е да не се искористи тоа.

7. Погледнете го изгрејсонце барем еднаш. Зачувајте ја тишината и дишете длабоко. Затворете ги очите и бидете благодарни.

8. Занимавајте се со спорт.

9. Ако сретнете некој кој навистина се допаѓа, кажете му и го тоа на најискрен и најотворен начин на кој можете. Не грижете се дека нема да ве разберат. Ако ништо не се случи, значи не требало. Ако пак работите тргнат, ќе го поминете летото заедно и ќе биде одлично.

10. Повторно прочитајте ги белешките од лекциите. Споредете ги работите што ги читате со она што ви се случува во животот.

11. Бидете среќни како сончевата светлина и слободни и нескротливи како морето.

12. Не навредувајте. Бидете љубезни и учтиви.

13. Гледајте добри филмови со неверојатни сценарија. Ако е можно, гледајте ги на англиски јазик. Така ќе го подобрите вашето знаење. Не оставајте филмот да заврши со последните натписи – пресоздадете го заплетот во животот и направете си летна авантура.

14. Летото е магично. Во силното светло рано утро и за време на жешките летни вечери сонувајте за тоа што би можело да се случи во животот. Нека сето она што ви се случува зависи од вас – така никогаш нема да можете да го изгубите патот до вашите соништа.

15. Бидете добри.

Сподели на Facebook
пати видено