Во текот на летото во 1963 година САД успешно поставувиле гигантски прстен околу планетата. За разлика од оној на Сатурн, прстенот на Земјата не бил изграден од прашина, карпи и мраз туку од половина милијарда бакарни нишки, тенки како човечко влакно.

Сето ова е дел од проектот „Вест Форд“ за да се зајакне јоносферата на Земјата, како и да се обезбеди на воените сили на САД подобар комуникациски систем кој е речиси неуништив. Во 1950-тите години комуникацијата на долги растојанија се вршела или преку кабли, кои се наоѓаат под вода или преку радио бранови, кои постоеле благодарение на огромното количество јони и електрони кои се наоѓаат во јоносферата на Земјата. Каблите се сигурни, а сигурноста на јоносферата зависи и од сончевата активност. Тогаш Американците одлучуваат дека ако руските воени сили ги нападнат подводните телефонски линии, тоа ќе го остави САД со еден нестабилен комуникациски систем што може да се покаже како катастрофален од воена гледна точка.

Така, во 1958 година електроинженер Волтер Мороу од MIT Lincoln Laboratory понудил да бидат поставени бакарни прстени околу планетата Земја. Бронзените проводници ќе служат како постојан рефлектор на радио брановите, што ќе им овозможи на американската војска да испраќа далечни сигнали и да останат имуни од соларно нарушување.

Биле направени 480 милиони бакарни нишки. Секоја од нив била со должина од 1,8 сантиметри и биле дури потенки од човечко влакно. Оваа должина одговара на половина од должината на 8-гигахерци, ефикасно претворајќи ја секоја нишка во таканаречената диполна антена.

Првиот обид извршен во октомври 1961 година, завршува со неуспех. Нишките не се распределиле правилно туку формирале неколку купови, од кои немало корист. Вториот обид во мај 1965 година е успешен. Во орбитата се поставени околу 200 милиони бакарни нишки. Во рок од неколку дена, американската војска успева да ги пренесе пораките меѓу Калифорнија и Масачусетс.

Првично податоците се пренесувале со 20 килобита во секунда, што овозможувало релативно „разбирлив“ пренос. Но бидејќи влакната се распрснувале исклучително брзо, брзината на пренос на информации опаднала значително. Четири месеци подоцна, брзината била 100 бита во секунда.

Уште од самиот почеток на проектот САД се критикувани од астрономите од целиот свет, кои се плашеле дека бронзените проводници би можеле директно да интервенираат во процесите за набљудување на небото. Други пак ги обвинувале дека ја „натрупуваат“ вселената.

Со текот на времето, проектот е откажан, благодарение на појавата на напредни начини за комуникација. Во 1962 година е лансиран Telstar – првиот модерен комуникациски сателит. Повеќе од половина век подоцна, грутки на бакарни игли сè уште ја орбитираат земјата, иако поголемиот дел од нив паднале назад. Поради тоа што биле толку лесни, тие не изгореле во атмосферата и голем дел од нив сега најверојатно се наоѓаат под снеговите на половите.

Сподели на Facebook
пати видено