Прославен член на Твитер кој спиел со четиристотини жени благодарение на својот профил на социјалниот медиум вели дека неговите освојувања му го уништиле животот бидејќи сега сексот му здодеал.

Дваесет и двегодишниот Бени Џејмс постојано праќа пикантни апдејти на своите 90.000 интернет следбенички, а за возврат е бомбардиран со селфи слики од жени кои се расположени за дискретни средби со него.

kazanova_01

Но, тој вели дека неговиот хиперактивен сексуален живот направил да му здодеат излегувањата и не може да најде некоја со која би се скрасил во долготрајна врска. Џејмс, билдер од Кројдон, јужен Лондон, кој еднаш се појавил во емисија на лондонската Канал 4, тврди дека повеќето жени само сакаат да има секс со нив, додавајќи дека откако еднаш ќе спие со некоја жена, повеќе не може да биде со истата. Често започнува врски со жени, коишто завршуваат по еден ден, а неговата најдолга љубовна врска траела само една недела.

gl01

„Сакам да се средам и да основам семејство, но толку се навикнав на спиењето со девојки што после сексот тие веќе не ми се привлечни и ги повредувам, а тоа не е намерно“, тврди Џејмс. „Од почетокот на оваа година досега бев со шест девојки – со една од нив бев заедно цела недела. Се обидов малку да намалам со сексот – сега спијам само со две девојки неделно.“

gl02

„Ги гледам, и сѐ што тие сакаат од мене е секс, но јас ете не можам повеќе. Ако сака нека е и Ријана, не е важно. Навистина ми здосади од тој секс цело време. Сексот ми го уништи животот. Кога ќе најдам девојка која навистина ми се допаѓа, се обидувам да не дојде до секс, бидејќи знам дека повеќе нема ни да ми се зборува со неа. Тоа е мој природен инстинкт.“

kazanova_07

kazanova_06

kazanova_05

kazanova_04

kazanova_03

kazanova_02

Сподели на Facebook
пати видено