Многу одамна во едно село си живеела девојка. Откако се омажила девојката отишла да живее во куќата на нејзиниот сопруг. Но на младата снаа не се согласувала со свекрвата. Свекрвата постојано ја поучувала и ја критикувала за сé и сешто.

Едно утро младата жена се упатила кон крајот на шумата, каде што живеел еден многу стар дедо.

– Што те доведе кај мене, девојче? Да не би да сакаш да ти најдам младоженец? – прашал дедото.
– Никој не ми е потребен, јас си имам маж и го сакам, но не можам да живеам со мајка му.
– Што сакаш од мене?
– Те молам да ми помогнеш. Дај ми отров, за да ја отрујам.
– На тоа ли ќе ја изградиш својата среќа, дете мое? Па, добро. Жал ми е за тебе. Ќе ти дадам напивка. Секое утро ќе вариш од неа чај и ќе го даваш на мајката на мажот ти. Само имам еден совет до тебе.
– Каков? Кажи, сé ќе исполнам, само да се спасам од ова чудовиште.
– Во нашето село гласините брзо се шират. Ќе бидеш осомничена. Значи за да не случи тоа – промени го својот однос кон свекрвата. Стани учтива, пријателски настроена, насмевни се. Нема да има потреба долго да се мачиш.

Така и направила младата жена. Уште пред да пропеат првите петли (во 4 часот наутро), таа станала, замесила леб, исчистила, зготвила јадење, го сварила чајот со отровот и ласкаво ја повикала свекрвата да дојде и да го проба лековитиот чај. Ја неркувала „Мамо“ и ја слушала за се што ќе и каже. Нејзиниот маж не можел да престане да се радува. Неговата жена и мајка станале како роднини. Свекрвата ја си ја отворила душата на невестата и со неа се однесувала со љубов и срдечност.

По некое време, жената повторно отрчала кај дедото се фрлила под неговите нозе и почнала да го моли:

– Деденце, те молам, ти знаеш и можеш сé. Дај ми противотров. Многу чај и сварив на мојата свекрва. Ќе умре. Таа ми стана како мајка.

– Мила моја, смири се, јас ти дадов ароматични треви, од кои ти вареше вкусен и корисен чај за твојата свекрва. Отровот не беше во чашата, туку во твоето срце, но со Божја помош ти успеа да се спасиш од него.

Сподели на Facebook
пати видено