Џексон, Хантер и Каден Хауард се родиле во октомври 2016 со ретка болест craniosynostosis, што значи дека нивните глави биле споени во матката и тие се родиле со деформитет на черепот. Доколку не се изврши операција може да дојде до крајно губење на видот и ограничен раст на мозокот. Операцијата е поризична доколку не се изврши додека бебињата се на рана возраст.

Само 9 недели по нивното раѓање 3те бебиња истовремено биле подложени на операција на черепот во Стони Брук Детската болница во Њујорк. Сега бебињата водат нормален живот и се неверојатно весели и палави како и секое 6-месечно бебе. Нивните родители Ејми и Мајкл Хауард имаат полни раце работа со своите најмили, но се пресреќни што сега тие можат нормално да функционираат.

Џексон и Хантер, кој се идентични близнаци, имале sagittal synostosis. Каден, имал metopic synostosis. Иако условите се исти и потребна е иста операција, се работи за различни коски на черепот. Шансата за тројка е 1 во 1000, шансата за sagittal synostosis е една во 4000 а шансата за metopic synostosis е една во 10.000. „Ако се соберат сите овие броеви, можноста за тројки родени во ваква состојба е 1 во 500 милијарди.“, вели хирургот д-р Дејвид Чеслер.

Нивните родители први не приметиле дека нешто не е во ред со нивните бебиња, се додека докторите не им кажале. Сега, како дел од постоперативна нега, трите момчиња носат шлемови посебно направени за секој од нив. Шлемовите ги носат 23 часа во денот, 7 дена во неделата за да им се оформат правилно черепите, тие ќе ги носат шлемовите наредните 6 месеци, а потоа треба да одат да прегледи два пати годишно додека да наполнат 6 години. 95% од ваквите случаи имаат сосема нормален развој на черепот по операцијата и закрепнувањето.

 

Џексон пред операцијата

Џексон по операцијата