Добродушната Флоренс Велч свратила во болница за да изведе приватен настап на тинејџерка болна од рак, која поради болеста го пропуштила нејзиниот концерт. 29-годишната британска поп ѕвезда ја држела 15-годишната Каринија Џен за рака, додека ги пеела песните Shake It Out и Dog Days Are Over, придружена од нејзиниот гитарист Роб Акројд. Џенифер, мајката на Каринија, ја изразила својата благодарност на Инстаграм, пишувајќи: „Флоренс е толку прекрасна и љубезна душа. Таа ни донесе толку многу радост денес, на сите нас! Каков благослов! Таа е не само прекрасен уметник, туку и прекрасно човечко суштество. Таа многу ја усреќи мојата ќерка!“

Флоренс дошла во болницата на покана од болничкиот персонал и родителите на девојчето, кои морале да кажат „не“ на желбата на болната девојка да ги гледа Флоренд енд д Машин, поради тоа што нејзината состојба не го дозволува тоа. Девојчето било растажено, и персоналот се погрижил да исконтактира со Флоренс и да ја замоли да ја посети девојката. Пејачката се согласила, докажувајќи дека некои луѓе, без оглед на славата, не забораваат дека се луѓе и дека треба да бидат човечни.

fl01 fl02 fl03 fl04 fl05

Сподели на Facebook
пати видено