Овие прекрасни фотографии го документираат секојдневниот живот на мажи, жени и деца од племето Ментаваи, домородно племе во Индонезија коешто успеало да го задржи традиционалниот начин, далеку од современото општество.

Припадниците на ова племе се познати по нивните украсни тетоважи, како и по нивниот полуномадски стил на живот. Снимени од од професионалниот фотограф Мухамед Салех Бин Долах, серијата фотографии прикажуваат живот во заедница во која племенскиот клан е сѐ и секој проблем може да биде решен од страна на племенскиот врач.

Четириесет и двегодишниот фотограф од Калантан, Малезија, го посетил племето за да го документира нивниот начин на живот. „Сите тие живеат на островот и се целосно изолирани од современиот свет. Жените се движат наоколу без облека. Животот на овие луѓе целосно зависи од природните ресурси. Сакав да појдам на островот за да го прикажам секојдневниот живот на ова племе.“

Племето се состои од околу 64.000 луѓе, кои живеат во живеалишта направени од бамбус, дрво и трева и украсени со черепите на уловениот плен, познати како уми. Нивниот општествен живот се врти околу нивните кланови, а во средиштето долгата заедничка куќа. Клановите варираат по бројност, вклучувајќи од триесет до осумдесет членови. Припадниците на ова племе веруваат дека сите живи нешта, вклучувајќи ги и растенијата, имаат души. Единствениот специјалист во заедницата е врачот кој е задолжен да воспоставува врска со духовите и душите – во случај на несреќа или болест, тој се повикува за да ја поврати хармонијата во групата.

„Имав голема среќа да добијам ваква можност, помагајќи му на пријател кој извесен период живеел со народот Ментаваи“, раскажува фотографот. „Повеќето мажи во племето се сметани за херои и сите на островот се многу среќни. Тие сакаат кога луѓе однадвор доаѓаат да ги посетат, бидејќи сакаат да го покажуваат островот и нивниот начин на живот.“

pl01 pl02 pl03 pl04 pl05 pl06 pl07 pl08 pl09 pl10 pl11 pl12 pl13 pl14 pl15 pl16 pl17 pl18 pl19 pl20 pl21 pl22

Сподели на Facebook
пати видено