51-годишниот Теунис Ботха водич на сафари и Јужна Африка,  ловел во група во Зимбабве, кога стадо на слонови им се доближило. Тие веднаш почнале да пукаат и предизвикале стампедо по што слоновите почнале да трчаат во правец на ловците.

Ловецот бил здробен до смрт откако слонот во кој што пукале паднал врз него.

Еден од слоновите го кренал Теунис со сурлата, а тогаш еден од неговите колеги пукал во слонот, кој паднал и го убил Теунис. Ботха имал жена и 5 деца и тие сите живееле во Тзанен, Јужна Африка. Неговата сопруга Карика треба да допатува до Зимбабве за да го идентификува телото на нејзиниот сопруг.

Ботха бил добро познат ловец во тие предели, тој ловел гепарди и лавови на сафари во Јужна Африка, а исто така кај него доаѓале и богати американци кои што сакале да учествуваат во овој тип на „егзотичен“ лов.

Сподели на Facebook
пати видено