Во едно далечно село живеела сама една бремена жена, на која сопругот и починал пред да се роди детето.

Еден ден бремената жена нашла ранета невестулка во планината и одлучила да ја земе со себе и да се грижи за неа се додека не оздрави.
Таа толку се грижела за невестулката што и станала како домашно милениче.
Неколку месеци подоцна жената родила момченце.
И покрај сите предизвици, таа продолжила сама да се грижи за бебето и за невестулката. Неколку месеци жената не го напуштила домот и не го оставила детето само ниту за миг.
Но, еден ден таа морала да го напушти домот за кратко. Бебето останало само со невестулката во куќата.
По малку мајката се вратила дома и ја видела невестулката со крвава уста. Избезумена мајката ја нападнала невестулката и ја убила. Токму во тај момент се слушнал детски глас од собата. И што да види таму?
Бебето лежело во лулката а под него имало убиена змија…

Ајнштајн рекол: Да ги уништиш предрасудите на луѓето е потешко отколку да разделиш атом на честички.

Сподели на Facebook
пати видено