Еден млад човек отишол да бара работа во голема печатарска компанија. Тој поминал на првото интервју и му претстоело интервју со директорот на компанијата.

Директорот гледал дека неговата биографија е одлична и го прашал:
-Дали си земал некоја стипендија на училиште?
Момчето одговорило:
– Не
– Татко ти ли го плаќа твоето образование?
– Да – одговорило момчето
– Каде работи татко ти?
– Татко ми е ковач

Директорот побарал од младото момче да му ги покаже рацете. Неговите раце биле меки и совршени.
– Дали си му помагал некогаш на татко ти во работата?
– Не, моите родители сакаа јас да учам и да читам повеќе книги, освен тоа татко ми би ја завршил подобро работата од мене.
Директорот му рекол:
– Имам една молба, кога ќе отидеш денес дома, измиј му ги рацете на татко ти, а потоа наутро врати се тука.
Момчето чувствувало дека шансите да ја добие работата се високи.

Кога се вратило дома, го прашало татка си дали може да му ги измие рацете. Татко му бил помалку зачуден но среќен и му ги подал рацете на синот. Младото момче почнало да ги мие рацете на татка си и тогаш за прв пат ги забележало брчките на рацете, лузните и големите рани.

Тогаш момчето за прв пат сфатило што значи тие две раце напорно да работат секој ден, за да го платат неговото образование. Лузните по рацете се цената која што татко му ја плаќа за неговото образование и неговата иднина. Откако му ги измил рацете, синот се упатил кон работилницата и ја исчистил. Таа вечер тој и татко му долго разговарале.

Следното утро момчето отишло во канцеларијата на директорот. Директорот ги видел солзите во очите на момчето и го прашал:
– Можеш ли да ми кажеш што направи и што научи вчера дома?
Момчето одговорило:
– Јас ги измив рацете на татко ми, а потоа станав и ја исчистив работилницата. Сега знам дека без моите родители јас не би бил оној кој сум денес. Сега сфаќам колку труд и напор сум го чинел татко ми. Научив да го ценам значењето и вредноста на моето семејство.
Директорот рекол:
– Тоа е она што го барам во моите луѓе. Сакам да вработам некој кој ќе ја цени помошта од другите и да знае да им помогне на другите, вработен кој што нема да ги става парите како прва и единствена цел. Да вработен си!

Доколку детето е разгалено и се му се дозволува, тогаш тоа дете секогаш ќе се става себеси на прво место и ќе ги игнорира напорите на родителите. Доколку сте од овој тип на родители, што мислите дали на овој начин им покажувате љубов на вашите деца или ги уништувате?

Можете да му обезбедите на вашето дете голема куќа, добра храна, добар компјутер, но кога ќе го чистите подот или ќе варосувате, дајте му дел и од тоа искуство.

Сподели на Facebook
пати видено