Група од 50 луѓе присуствувале на еден семинар. Наеднаш говорникот го запрел предавањето за да направат еден експеримент. На секој од присутните тој му поделил по еден балон и ги замолил на балонот секој да си го напише своето име. Потоа ги собрал сите балони и ги ставил во една соба.

Откако ја наполнил собата, ги замолил учесниците да влезат во собата и во рок од 5 минути секој да си го најде својот балон. Во собата настанал хаос затоа што сите брзале да си го најдат својот балон.

Поминале 5-те минути, но никој не успеал да си го најде својот балон.

Потоа говорникот ги замолил секој да земе по еден балон и да му го даде на човекот чие што име е испишано на балонот. За кратко време секој го добил својот балон.

Говорникот потоа објаснил:
Токму ова се случува во нашите животи. Секој хаотично брза и ја бара својата среќа наоколу, без да знае каде е.
Нашата среќа лежи во среќата на другите луѓе. Дајте им ја нивната среќа, ќе ја добиете својата среќа.
Ова е смислата на човечкиот живот.

Сподели на Facebook
пати видено