89-годишна жена од Нов Јужен Велс е живо сведоштво дека годините се само број, откако се согласила да биде деверица на нејзината внука, Рошел. Морин Карни, која е баба на десет и прабаба на шест внуци, отсекогаш сакала да биде деверица, но никогаш не успеала да зачекори кон олтарот заедно со некоја нејзина пријателка или роднина.

dv01

И така, кога Рошел ја замолила да биде дел од нејзиниот Голем ден, г-ѓа Карни ја искористила приликата, придружувајќи ја својата внука во црквата, приемот па дури и за време на моминската вечер.

„Беше одличен ден, посакувам пак да можевме да го направиме ова“, кажала г-ѓа Керни. „Тоа навистина беше посебен ден и за двете нас. Отсекогаш сум сакала да бидам деверица…Еднаш замолив да ѝ бидам деверица на една моја добра пријателка, и само тогаш, но никогаш не зачекорив кон олтарот, бидејќи тогаш црквите беа одделни. Знаете, мојата пријателка беше англиканка, а јас католикиња, па не ми беше дозволено да бидам деверица во англиканска црква. Рошел се шегуваше (или така си мислев тогаш) дека кога ќе се омажи, јас ќе и бидам деверица. Јас – старава сврака? Глупости!“

dv02

Но, Рошел се разбира била сериозна, и набргу животниот сон на Морин Карни се остварил. Ѝ сошиле специјален фустан, а за косата и шминката се погрижиле професионалци.

„Бевме во Мантра во Кингсклиф, а девојките беа на дневен спа третман, пиеја коктели крај базенот и потоа на вечера“, се присетува Карни на драго срце. „Јас не пијам алкохол, па така Рошел ми нарача безалкохолна верзија. Игравме и игра, секој мораше да замрзне во армиска поза секогаш кога ќе се слушнеше свирче.“

И така, грижливата и добродушна внука се погрижила да го оствари животниот сон на својата баба.

Сподели на Facebook
пати видено