Аналис Мишлер имала само 3% од потребните масти во телото и била на прагот на смртта при крајот на 2014 година, поради нејзината анорексија. Сега 22-годишната девојка тежи 50 килограми и јаде илјадници калории на ден за да ја задржи тежината поради нејзиниот хипертироидизам.

Аналис вели: „Најголемата трансформација не беше физичката туку на мојата душа. Смешно е кога луѓето велат дека среќата е во стомачните и во јадењето на помалку храна. Дозволете ми да Ви кажам дека јас кога имав стомачни и не јадев, умирав. Никогаш не си бев доволна на себе во своите очи, доволно слаба и задоволна.“

Со висина од 170 сантиметри Аналис уште се смета за неухранета личност и таа сега со помош на посебна исхрана се труди да си ја зголеми мускулната маса и редовно вежба и внесува калории. Таа на Инстаграм го споделуваа својот напредок, но вели дека нема фотографија точно од моменот кога нејзиниот живот висел на конец, затоа што не можела ниту да се осмели да се фотографира.

 

Аналис немала месечен циклус две години,имала проблеми со спиењето, страдала од анемија и остеопороза, имала дефициенција на тироидната жлезда и проблеми со срцето. „Многу сум посреќна сега. Поминав низ најмрачниот пекол и ова е најтешката ментална и физичка работа која што сум ја направила, но сега повторно живеам и сум многу среќна.“ ,вели Аналис.

Таа завршила во болница во текот на летото во 2016 година, кога нејзиниот црн дроб речиси откажал и и била дијагностицирана автоимуна болест на црниот дроб, што значело дека нејзиното тело не ги апсорбира мастите и хранливите материи. Еден месец подоцна,таа имала и операција на срцето. Аналис сега има илјадници поддржувачи на Инстаграм и е горда на успехот.

Сподели на Facebook
пати видено