Одамна е поминато времето на стереотипот за шпионите како за итри, лукави и мускулести мачо типови како Џемс Бонд. Британските агенции за безбедност и разузнавање сега бараат средовечни жени и мајки да работат на браникот против странската шпионажа и тероризмот. Министрите бараат „поголема разновидност“ во МИ5 и МИ6, бидејќи, како што велат, жените можат да донесат нови умешности во борбата против заканите за националната безбедност на Британија.

Тие нудат „флексибилна работа“ и „рамноправна полова застапеност“ со што се охрабруваат жените да станат дел до разузнавачките мрежи. Овие мерки се прифатени и од британскиот премиер Дејвид Камерон, кој вели дека ова ќе доведе до подобар одговор на широк спектар закани по националната безбедност. Според плановите, до 2021 жените во МИ5 треба да сочинуваат 45 отсто од севкупниот кадар. Во претходната година 46 отсто од новите вработени биле жени, а речиси 42 отсто од вкупниот персонал на агенцијата се припаднички на понежниот пол.

mi01 mi02

Сподели на Facebook
пати видено