Политичар се исповеда во црква. Младиот поп го прашува:
– Каков грев имате?
– Многу сум алчен, оче!
– Оооф, тоа е голем грев! Треба да се искупиш од него!
– А како да го направам тоа?
– Па сега кога ќе излезеш од црквата дај му 500 денари на првиот што ќе го сретнеш.
– Да му дадам 500 денари?! Туку така?!
– Да, треба со нешто да се почне!
Политичарот се согласил. Излегува од црквата – наоколу никого. Тргнал по улицата и гледа една проститутка. Бидејќи таа била првата, и се приближил и и подал 500-ка. Проститутката му рекла:
– Аааа, не! Малку е тоа! Дај ми 1000!
– Е како 1000? Попчето ми рече дека 500 се доволно!
– Еее, попчето, попчето… Ама попчето е редовен клиент!

Сподели на Facebook
пати видено