Полицајците во светот, покрај нивните задолженија да го бранат народот на кој му служат, често знаат да применат и непотребна бруталност без воопшто да водат сметка за основните човекови права и достоинство. Но, во некои земји има традиција на построга селекција во поглед на тоа кој сѐ може да биде полицаец, а исто така тие лица поминуваат специфична обука со која тие се стекнуваат со знаења како да ги бранат и како да им помагаат на граѓаните. Скандинавските земји можат да ни бидат пример за многу работи, а исто така и во овој поглед.

norveska-policija

Според неодамнешен владин извештај на Норвешка, норвешката полиција многу ретко вадат оружје на нивните осомничени, а уште поретко пукаат. Според тој извештај, во текот на минатата година полицијата пукала само во два случаи, при што ниеден од нив не завршил со смртен случај.

Се разбира, има повеќе фактори кои придонесуваат за пониската стапка на убиства во Норвешка, меѓу кои и општата култура и воспитување на нејзините граѓани, но исто така интересно е што норвешките полицајци многу ретко носат оружје со нив, што придонесува до тоа полицајците да се обидат да го решат проблемот на мирен начин, наместо да дозволат да прерасне во отворено насилство.

Во некои други земји, полицајците се тренирани прво да пукаат, а потоа да поставуваат прашања, и се програмирани да мислат дека секој граѓанин е потенцијален криминалец или напаѓач. А дека се може поинаку, многу јасно ни покажуваат скандинавските земји. Впрочем, за тоа колку се напредни тие народи, има еден многу очигледен показател. Имено, насекаде вестите главно се засновани врз сензационализам, јавувања за катастрофи, убиства, криминал и слично. Колку пати во текот на вестите слушате за Норвешка, Шведска, Данска, Финска?

Сподели на Facebook
пати видено