Неверојатни 1417 килограми кокаин се криеле во 1200 пакетчиња лигњи брендирани како „Лионел Меси“, со кралски печат од кралот на Шпанија. Пратката била наменета за европскиот пазар.

Дрогата од класа А била во вредност од 85 милиони евра. Дел од пакетите биле брендирани со логото на фудбалскиот клуб Барселона, дел од пакетите во дресот на играчот Лионел Меси.

Повеќе од бизарно е што шпанскиот весник Ел Мундо Депортиво, го објавил извештајот за нелегалната испорака со величење на тимот Барселона, како тоа да е голема чест за клубот.

Вештите дечки кои стојат зад ова се потрудиле повеќе од нивните другари, кои минатата година шверцуваа кокаин во пластични банани.

Сподели на Facebook
пати видено