На задното седиште на автомобил со кој управувала пијана жена било најдено бебе целото покриено со повраќаници. Полицајците морале добро да го искапат во полициската станица во Западна Вирџинија, САД. Откако несовесната мајка била уапсена, ѝ го одзеле синот и го измиле во кујнскиот мијалник во полициската станица. Потоа го завиткале во крпа и ја почекале службата за заштита на деца.

„Уапсивме возач во алкохолизирана состојба“, вели полицаецот Б.Р. Вуд „Тоа беше навистина мило бебе. Само што беше задремало кога дојдоа од службата за заштита на деца.“

Мајката била обвинета за возење под дејство на алкохол во присуство на малолетник, што носи казна до една година затвор и казна од 1000 долари.

зт01 зт02 зт03

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено