На еден полицаец му се дупнала гумата на автомобилот и немало со што да ја залепи па искористил презерватив. Се прибрал во станицата и му раскажал на својот шеф. Тој го испратил да купи уште презервативи за такви случаи.
Влегол полицаецот во аптеката и побарал 20 презервативи за службена употреба. Еден маж од крајот на редот се јавил:
– Не ви е доволно што не тепате и казнувате, сега сакате да ни е*ете?
По него се вклучила и една госпоѓа:
– Ова само во станиците ли или и по домовите ќе одите?
Последна на редот била една стара бабичка, која рекла:
– Ако синко, ако, само да нема наши и ваши…

Сподели на Facebook
пати видено