Полицаец од Охајо ѝ наредил на жена да седи во нејзиниот вжештен автомобил со заклучени врати и затворени прозорци, откако бил повикан од некој граѓанин кој го забележал кутрото куче на жената заклучено во автомобилот оставен на сонце. Инцидентот се случил на 12. април во Стронгсвил, Охајо. За среќа, кучето не претрпело никакви сериозни последици. Полицаецот изјавил дека и жената била во ред кога излегла од автомобилот, но изгледала како малку да ѝ е неудобно. Потоа ја пуштил само со опомена, без парична казна.

hot-1

Овој инцидент  е сличен на приказната која стана вирална минатата година, кога една жена од Њу Мексико изјави дека пилицаец ја подложил на истата „жешка“ казна, како што таа му сторила на своето куче. Кога жената по име Шели Николас завршила со пазарувањето во локален супермаркет во градот Трут ор Консеквенсес, Њу Мексико, била поздравена од полицајци кои стоеле до нејзиниот автомобил. Едниот од полицајците, Винсент Кришер, ѝ рекол:

„Ова ваше возило ли е? Над 90 степени е (32°С), а сте го заклучиле вашето куче внатре без никаква вентилација?“

Таа признала дека го оставила кучето на само десттина минути, но полицаецот со помош на табела пресметал дека десет минути температурата внатре се повишува на 45 степени целзиусови. Кога Николас се обидела да спори со полицаецот, тој и кажал;

„Почувствувајте и сами како е внатре, г-ѓо. Мора да научите што е закон.“

Николас одговорила:

„Разбирам.“

Полицаецот ѝ кажал:

„Не мислам дека разбирате, бидејќи цело време ми се смеете. Ве молам влезете внатре и почекајте додека да ви пишам казна. И затворете го прозорецот, бидејќи нели не е толку жешко и на кучето нема ништо да му биде“.

hot-2

Николас добила казна за негрижа и суровост кон животно.

Сподели на Facebook
пати видено