Нова видео снимка, снимена со дрон, е објавена од кинеската централна тв станица, покажувајќи го најновиот напредок на еден од најамбициозните проекти на земјата – радио телескоп соголемина на 30 фудбалски игралишта. 500-метарскиот отворен сферичен телескоп наречен FAST ќе биде најголемиот радио телескоп во светот и е сместен во највисоките планини во рурална југозападна Кина. Се планира огромната чинија да биде завршена во втората половина на 2016 година.

ФАСТ се наоѓа во долината Даводанг, огромна долина во областа Пингтанг, во провинцијата Гуижу. На научниците им биле потребни седумнаесет години само да најдат доволно голем простор кадешто би можела да се смести чинијата, којашто е со пречник од 500 метри. Идејата за изградбата на телескопот била дадена во 1993 година, проектот почнал во 2011, а неговото завршување се очекува да биде во 2016 година. Според научниците од различи дисциплини во Кина, тој ќе го зголеми човечкиот капацитет за набљудување и истражување на вселената.

Интригантниот дизајн на телескопот ќе им овозможи на научниците да ја насочуваат чинијата и да примаат радио сигнали од различни агли.

„Ќе употребуваме ласери кои ќе можат да ги определат точните координати, со точност во милиметри“, велат кинеските научници. Кина е решена да се развива на секое поле.

tl01 tl02 tl03 tl04 tl05 tl07

Сподели на Facebook
пати видено