По цел ден седам и слушам
поздрави на сите јазици,
тоа е знак дека дошле
гастарбајтерските празници.

Напорни се до болка,
не можам веќе „pregо“
да го слушам, оштетија ми ја
ушната школка.

Фурат некоја недефинирана мода,
обавезно се екипа од десет души
сe рода до рода.

Вкус никаков немат, а обавезно
сакат попуст да земат.
Кај нив „горе“ еврата ги трошат,
а тука штедат колку можат.

Мокасина на гола нога носат
и „рент а кар“ возат.
Злато и тетоважи целите наресени,
а напред мешлаци толкави обесени.

Машките се препознатливи по дигната јака,
така по цел ден се шетат,
си немат гајле и мака.

Денарите не ги разбирале, прават се
како од Марс да се паднале.
Ние тука цела година сме ги чекале нив,
од таа реченица останав без здив.

Ајде уште малку нека се шират и форсират,
после назад на гроздобер
цела година ќе се фокусират.

(напишано на кочански дијалект) К.Л.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено