Многу заедници во светот, особено оние од топлите краишта живеат во пештери за да избегаат од пеколните температури. Берберите од Матмата, Тунис имаат цело село кое функционира на тој принцип. Сепак за разлика од другите живеалишта кои се наоѓаат во пештери издлабнати во планина, Матмата се наоѓа во јама, во која се ископани пештерите кои служат како соби за секаква намена. Отворената јама има улога на двор, а понекогаш се поврзува и со други јами со што се создава подземен лавиринт.

Матмата и случни градови во Тунис се наоѓаат на песоклива почва на која што не може да се изгради стабилна градба и овие луѓе со векови копале во земјата и таму ги правеле своите домови. Матмата се наоѓа близу до единствениот копнен пат кој ги поврзува Либија и Тунис, така да во минатото оваа село било жртва на повеќе поени напади. Поради тоа населението било приморано да се повлече во планините. Но кога ситуацијата се смирила тие повторно се вратиле и започнале да ги градат своите домови на овој начин.

Сега Матмата е голема туристичка атракција, а интересно е што оваа место е една од локациите каде што се снимал филмот „Војна на ѕвездите“. Хотелот Сиди Дрис бил подземниот дом на Лук Скајвокер.

Сподели на Facebook
пати видено