Sirin Labs компанија зад смешно скапиот Андроид телефон, сега има уште еден паметен телефон за споделување со светот и за разлика од претходникот од 14.000 долари, овој се очекува да чини само 999 долари. Именуван по научникот Хал Фини, примач на првата биткоин трансакција во светот, смартфонот на Фини е со отворен извор, ултра-сигурен телефон изграден на независна, слободна блокчејн мрежа.

Се очекува да има внатрешна меморија од 256GB, камера од 16 мегапиксели и моќен пакет безбедносни мерки, а ќе се напојува со технологијата Tangle на IOTA.

Основачот и извршен директор на Sirin Labs, Моше Хогег, за „Бизнис инсајдер“ изјавил дека линијата на Finney уредите, која ќе вклучува „се-во-едно“ компјутер, ќе биде способна да ги споделува податоците, моќта на батеријата и безжично процесирање на моќ – иако ќе биде потребен кабел на одредени моменти.

„Финитовото семејство на уреди ќе биде прво од ваков вид, кое ќе биде специјално дизајнирано за потребите на генерацијата Блокчејн, комбинирајќи ултра-безбедна блок-околина, со функционалност и најважнитге елементи на Android OS“, изјавиле од Sirin Labs во соопштението за печатот.

Овој смартфон очигледно е насочен за сè уште нестабилен пазар, но маркетинг директорот Нимрод Мај изјавил: „Ова е заедница во ран развој, засега, но ние веруваме дека има голема можност за голем пазар, наскоро.“

За да соберат пари за да го финансираат развојот на овие уреди, Сирин Лабс планираат да направат настан со голем број посетители овој октомври. Откако ќе се биде направен, овој уред има потенцијал да помогне во олеснувањето на евентуалното масовно усвојување на блокчејн и криптовалутите, за кои некои експерти веруваат дека е речиси неизбежено.

Сподели на Facebook
пати видено