На една плавуша ѝ дошло преку глава од вицови за плавуши па решила да си ја смени бојата на косата во црна. И речено – сторено. Новата бринета тргнала со автомобилот на излет. По патот видела стадо овци, застанала до овчарот и му рекла:
– Овчару, ако го погодам точниот број на твоите овци, ќе ми дадеш ли едно јагне?
Овчарот помислил дека таа нема како да знае колку овци има и се согласил. Црната плавуша му рекла:
– Вашето стадо има 56 овци.
Се зачудил овчарот, бидејќи тоа бил точниот број на неговите овци, но бидејќи бил чесен ѝ рекол да си одбере едно јагне.
– Еве ова црното, што скока највесело од сите! – рекла плавушата, го фатила и си го ставила во багажникот.
Овчарот ја погледнал и со насмевна ѝ рекол:
– Добро, ти го погоди точниот број на моите овци и јас ти дадов да си избереш едно јагне. Сега, ако јас погодам каква е вистинската боја на твојата косата, ти ќе ми го вратиш ли кучето?

Сподели на Facebook
пати видено