Синот на едно македонско сиромашно селско семејство заминал во САД и многу бил загрижен за своите родители. Затоа тие му испратиле писмо:
„Синко, не грижи се. Ние сме добро. Тука многу се грижат за нас. Има две партии – ВМРО и СДСМ. Јас сум член на едната, а мајка ти на другата и сега не си зборуваме или се караме. Сега ќе ја продадеме кравата и ќе си го платиме данокот и струјата. Кога ќе ја продадеме козичката ќе ги платиме и водата и телефонот. Ќе ни остане некој денар и за лекови. Само ни нудат да се зачлениме некаде, па така јас се зачленив во организацијата на луѓе со висок крвен притисок, а мајка ти – за низок. И така сите се грижат за нас. Сега двојно ќе ги прошируваат гробиштата. Гледаш колку се грижат за нас!?
Те бакнуваат и поздравуваат твоите стари мајка и татко.“

Сподели на Facebook
пати видено