Турски пилоти тврдат дека виделе НЛО како го надлетува нивниот авион, само еден час пред уривањето на авионот на Иџиптер. Причината за паѓањето на авионот во морето, при што сите 66 патници го загубија во животот, е сѐ уште е завиткана во мистерија. Но, сега некои од најголемите новински куќи во Турција известуваат дека двајца пилоти виделе чуден летачки објект со зелени светла како минува крај нивниот авион додека во 11:30 часот во четврток му пристапувале на аеродромот Ататурк во Истанбул.

Според „Хуриет Дејли Њуз“, пилотите ги известиле контролорите на воздушниот сообраќај дека: „Неидентификуван објект со зелени светла мина 600 до 800 метри над нас. Потоа наеднаш исчезна. Мислиме дека е НЛО.“

Околу еден час подоцна, авионот на ИџиптЕр се урна во Средоземното Море. Генералниот инспекторат на Државното воздухопловство вели дека не нашле ништо на радарите, што би можело да се поврзе со тоа што го опишале турските пилоти.

ea01 ea02

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено