Преку овој древен ракопис читателот може да ја привлече и канализира енергијата на космосот, така што одреден настан се одвива според желбата и потребата на читателот. Се смета дека Пикатриксот поседува магија поврзана со зодијакот која ќе ви помогне да доминирате во животот преку силата на универзумот, природата и нејзината околина.

Пикатрикс не зборува само за тоа како да креирате магични духовни статуи и талисмани, туку зборува и за изградба на цели градови врз основа на астролошка магија. Овој ракопис првично бил напишан на арапски под насловот غاية الحكيم Ghāyat al-Ḥakīm. Денес се користи името Пикатрикс и тој е вистинска книга за магии од 400 страни.

Експертите сметаат дека датира од 11-тиот век, иако некои тврдат дека бил создаден во првата половина од 10-тиот век. Целото дело е поделено на четири книги, кај кои се забележува недостаток на систематика. Во 13-тиот век кралот на Кастилја, Алфонсо X (исто така познат како Алфонсо “мудриот”) наредил превод на древниот текст на Шпански.

Преводот на Латински доби голема популарност во Европа помеѓу XV и XVIII век. Се верува дека Пикатриксот е напишан од страна на Абу Маслама Мухамед ибн Ибрахим, астроном, математичар и алхемичар од Ал-Андалуз, кој сакал да го стекне сето знаење за Блискиот Исток од 8-ми и 9-ти век.

Постојат луѓе кои што не се согласуваат со оваа авторство и ја препишуваат оваа книга со магии на некој непознат чирак од мистериозното училиште за магија на Блискиот Исток. Оваа верување постои најмногу поради тоа што книгата наликува на тетратка. Многу автори го толкуваат Пикатриксот како “Најтемелно дело за небесната магија на арапски.”

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено