Бил Кочевар (56)  имал несреќа со неговиот велосипед, по што останал парализиран од рамениците до неговите долни екстремитети и сега е во инвалидска количка.

Со помош на напредната технологија, му бил вграден микрочип во неговиот мозок, со што сега може да ја движи неговата рака. Микрочипот ги чита неговите мисли и им дава инструкции на мускулите како тие би ја придвижиле раката.

Во неколку пробни обиди, тој можел да јаде самостојно од чинија и да крене шоља кафе, придвижувајќи ја кон неговата уста.

Оваа технологија има за цел да ги замени реконструктивните хируршки зафати како пресадување на матични клетки со директен импакт врз функцијата на мускулите. Овие микрочипови функционираат како компјутерски процесори, добиваат сигнали од мозокот, потоа испраќаат повратен материјал до електродите вграедни во импланти по должина на раката, од рамото, преку бицепсот, зглобовите, палците и прстите на десната дланка.

Сподели на Facebook
пати видено