Прв дел:

Имаме повисоки згради но пократки нерви, пошироки улици но тесни ставови.

Трошиме повеќе но имаме помалку, купуваме повеќе но уживаме помалку.

Имаме поголема куќа но помало семејство, повеќе удобности но помалку време.

Имаме повеќе дипломи но помалку разум, повеќе знаење но помалку размислувања, повеќе експерти но сепак повеќе проблеми, повеќе медицина но помалку здравје.

Премногу пиеме, премногу пушиме, трошиме неизмерно, премалку се смееме, пребрзо возиме, премногу се лутиме, лежиме до доцна а стануваме уморни,премалку читаме, премногу гледаме телевизија, и многу ретко се молиме.

Ги умноживме нашите имоти но ги смаливме нашите вредности.

Зборуваме премногу, сакаме многу ретко а мразиме многу почесто.

Научивме како да преживуваме но не и како да живееме.

Му додадовме години на животот но не и живот на годините.

Стигнавме до месечината и назад, но имаме потешкотија да преминеме преку улица за да го запознаеме новиот сосед.

Освоивме надворешен простор но не и внатрешен простор.

Направивме поголеми работи но не и подобри.

Го исчистивме воздухот но ја загадивме душата.

Го совладавме атомот но не и своите предрасуди.

Пишуваме повеќе но учиме помалку.

Планираме повеќе но постигнуваме помалку.

Научивме да брзаме но не и да чекаме.

Создаваме повеќе компјутери за да содржат повеќе информации, да произведуваат повеќе копии од вообичаено, но ние комуницираме се помалку и помалку.

Ова е време на брза храна и споро варење, големи личности и слаби карактери, брзи заработувачки и плитки односи.

Имаме луксузни куќи но уништени домови.

Овие се денови на брзи патувања, моралност која може да се отфрли, еднодневни претстави.

Ова е време кога има многу на излозите а малку во магацините.

Време кога технологијата може да ви го донесе ова писмо, и време кога можете да одберете дали ќе го поделите со некој или само ќе го избришете.

Втор дел:

Запаметете, поминувајте повеќе време со вашите сакани, бидејќи тие нема да се тука засекогаш.

Запаметете, кажете му по некој љубезен збор на оној кој ве гледа со стравопочит, бидејќи таа мала личност наскоро ќе порасне и ќе замине.

Сетете се да му дадете топла прегратка на оној кој е до вас, бидејќи тоа е единственото богатство кое можете да го дадете со срце а ништо да не платите.

Сетете се да му кажете “Те сакам” на вашиот партнер и вашите сакани, но и мислете го тоа.

Бакнеж и прегратка ќе ја залечат раната ако доаѓаат длабоко од вас.

Сетете се да се држите за раце и да ги почитувате моментите бидејќи еден ден таа личност нема да биде тука.

Дајте и време на љубовта, дајте му време на разговорот, и дајте си време да ги поделите вашите драгоцени мисли со другите.

Сподели на Facebook
пати видено