Жителите на град во јужна Аргентина се исплашиле откако серија силни експлозии ги потреслен нивните домови, но не се работи за терористички чин, туку за природен феномен, метеор кој се распаднал на небото. Во среда било обично попладне во Генерал Рока, град со 85000 жители, кога наеднаш се слушнале серија силни експлозии кои предизвикале тресење на зградите и прозорците.

mt

„Сѐ се тресеше“, изјавил градоначалникот Мартин Сориа. Полицијата, пожарникарите и единиците за итни интервенции се упатиле на местото на настанот, но не нашле никакви показатели за бомба, земјотрес или некакви немири.

И најпосле научниците ја откриле причината. Метеор влегол во Земјината атмосфера на височина од околу 10 000 метри, патувајќи со брзина од околу 2400 километри на час.

„Сите бевме изненадени, бидејќи метеорот влегол во атмосферата над населена област. Ако тоа се случело над пустина, море или над Антарктикот, немаше ни да дознаеме“, вели астрономот Роберто Фигуероа, директор на опсерваторијата во Неукен. Тој проценил дека метеорот бил со пречик од 12 метри пред да се распадне на три дела.

„Веројатно во атмосферата влегол минерален метеор со голема брзина. При допирот со атмосферските гасови, се загреал, каменот се распаднал и паднал како пепел“, вели тој. „Некои од поголемите делови можеби стигнале и до подолните атмосферски слоеви, кадешто изгореле. Бидејќи пристигнале со огромна брзина, предизвикале експанзивен бран кој се слушнал како експлозија.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено