Памела Андерсон во текот на последните месеци повеќе пати ја изненади јавноста отворено говорејќи против порнографијата, тврдејќи дека таа ја убива љубовта, а сега повторно изненадува со откривањето на разговорите кои ги води со своите синови, 20-годишниот Брендон и 18-годишниот Дилан, на кои често им посветува и објави на социјалните мрежи.

pa

„Силно истакнувам дека мораат да ги почитуваат жените, затоа што и мене ме почитуваат како мајка. Ако не ја почитуваат својата девојка, тоа е како да не ме почитуваат мене. Им го кажав и својот став дека сексуалниот однос треба да произлегува од врската, од односот, а не колку за забава. Отпрвин беа шокирани, но сфатија што сакам да им кажам“, раскажала славната актерка, не криејќи колку понижувања самата таа има доживеано во животот.

„Романтична сум. Многу мажи ми велеа дека ме сакаат, а потоа за време на сексот ме удираа и ме плукаа. Тоа е грозен секс и сакам тоа да им го ставам до знаење на младите мажи“, порачува некогашниот секс симбол, која и денес со својата појава луѓето ги остава без здив.

Сподели на Facebook
пати видено