Сите знаеме дека животот со родителите понекогаш може да не стави во ситуации да бараме скришни места во куќата за да ги избегнеме љубопитните погледи и прашањата од родителите. Но, многу често родителите имаат „шесто сетило“ и успеваат да ги пронајдат сите „тајни предмети“, кои со намера биле скриени од нив. Сепак, понекогаш и родителите можат да згрешат. Ова е случајот со маладата Емили, која добила порака од нејзиниот татко дека „треба да разговараат“.

Таткото на Емили барал балсам во собата на неговата ќерка и во фиоката го пронашол нејзиниот пренослив полнач и веднаш помислил дека тоа е мал вибратор. Кога Емили му објаснила за што станува збор тој се посрамотил и се обидел да се извини. Нормално Емили не можела да одолее да не го сподели овој момент на Твитер. Некои од корисниците на Твитер споделиле слични приказни, додека пак некои го исмејувале таткото како можел да направи таква грешка, а имало и луѓе кои сметале дека дури и да пронашол вибратор не би требало да ја напаѓа Емили во врска со тоа, бидејќи тоа е нејзино право.

Како и да е на крајот целата приказна се разјаснила и непријатната ситуација станала, помалку непријатна ситуација.

Сподели на Facebook
пати видено