Оваа година, околу 2.652 планинари се надеваат дека ќе ја поминат патеката на Апалачкиот планински венец и ќе ја завршат „прошетката“ од 3.540 километри. што се протега од Џорџија до Мејн, во Америка.

Луѓето кои ја поминуваат оваа патека доаѓаат од различни сфери на животот, некои од нив бараат одмор и ослободување од стресот, некои бараат авантура, но оваа година еден „планинар“ едноставно бара шанса да се дружи со мама и тато.

Ели Квирин има само 1 година. На 21 март, таа ја започнала сопствената авантура на Апалачкиот планински венец, заедно со нејзините родители Бека и Дерик Квирин. Ако семејството успее да ја заврши патеката, бебето Ели ќе стане најмладата личност која некогаш ја поминала патеката.

Бека и Дерик смислиле посебен начин на кој ќе пешачат низ венецот со цел да ги избегнат непосакуваните температури, кои би можеле да и наштетат на Ели. Тие стигнале до планината Спрингер во националната шума во Џорџија, на 13 мај, по повод одбележувањето на крајот на првата третина од нивното патување.

Двајцата родители ја носат малата Ели наизменично во текот на целото патување. Многу луѓе ги обвинуваат дека се луди што го изложуваат детето на ризик, но тие имаат и многу обожаватели на социјалните мрежи кои ги поддржуваат.

Пред Ели, најмладата личност која ја поминала патеката имала 5 години. Ели не е проблематично бебе, нејзините родители изјавиле дека таа сака често да спие и нема проблем да го прави тоа додека тие пешачат.

Временските услови се секогаш непредвидливи кога се работи за планинарење на толку долг период и поради тоа Бека и Дерик одлучиле да пешачат цела година за разлика од останатите планинари кои патеката ќе ја завршат за 6 месеци. Тие одлучиле да одмараат и кампуваат кога временските услови нема да бидат погодни за бебето.

Сподели на Facebook
пати видено