Еве уште една идеја достојна за аплауз. Холандска компанија во подем разви начин како да употребува живи растенија за продолжителен извор на чиста енергија – сѐ што е потребно е извор на светлина, јаглерод диоксид, вода и поле со растенија.

Компанијата се нарекува Plan-e, и на светот му покажува колку е лесно да се донесе електрицитет во изолираните региони кои во моментот се без струја.

Како што се споделува во видеото, системот најдобро работи во влажни или водени полиња како што се полињата за ориз. Квалитетот на водата воопшто не е важен. Тоа значи дека областите коишто не се соодветни за развој на земјоделски култури можат да се пренаменат во извор за енергија.

INhabitat2

На кој начин функционира?

Врз основа на природни процеси, електроните се „жнеат“ од почвата и се произведува електрицитет додека растенијата растат. Можеби звучи премногу добро за да биде вистинито, но сепак е вистина. Теоријата зад Plant-e едноставна. Кога растението создава храна со помош на фотосинтеза, голем дел од органската материја преку корењата се испушта во почвата. Истата енергија потоа се конзумира од микроорганизмите коишто живеат во неа, што испушта електрони како нус-продукт на конзумацијата. Со ставањет на електроди во близина на корењата, станува лесно да се собира овој вишок енергија и да се претвора во електрицитет.

Во текот на овој процес растенијата воопшто не се оштетуваат. Токму спротивното, тие продолжуваат да растат нормално во присуство на електродите, деноноќно снабдувајќи ги луѓето со електрична енергија. Оваа технологија се тестира на прототип на зелен покрив во Холандија. Доколку сѐ оди како што треба, тимот планира да го развие овој систем доволно колку да се обезбеди енергија за цела куќа. Сега за сега, се обезбедува енергија колку да се наполни еден мобилен телефон. Но, најважното од сѐ е тоа што човештвото полека станува свесно за обновливите извори на енергија и почнува да развива системи за нивно искористување.

Сподели на Facebook
пати видено