На луѓето понекогаш им доаѓа сѐ преку глава, и посакуваат да заминат некаде далеку и да започнат нов живот. Една таква животна приказна „режирал“ и Зак, 27-годишник роден и пораснат во Јапонија. Тој пред шест години тргнал во авантура и завршил на Алјаска, каде што и денес живее. Словенскиот фотограф Анже Остерман решил да го проучи и овековечи неговиот живот. Тој минал еден месец во друштво на Зак и снимил одлични фотографии. Зак на островот побарал безбеднот кај едно земјоделско семејство. Околу островот кружат китови, а самиот остров е населен со мечки. Има периоди во траење до шест месеци кога Зак не гледа никој друг освен членовите на ова семејство. Најблисиот град е Кечикан, оддалечен два часа возење.

„Зак беше првиот човек кој го видов кога со хидроавион слетав на островот. Тој и неговото куче ме собраа и ме поведоа кај нив дома. Веднаш ги почувствував вибрациите. Уште од првиот ден знаев дека оваа приказна ќе биде одлична“, раскажува Анже.

Зак живее во една кабина заедно со Ерика и Синди, брачен пар кој живее и работи на островот. На секои неколку месеци тие се враќаат во цивилизацијата за да набават храна која не може да се одгледа или улови на самиот остров, како и да ги наполнат генераторите со плин, бидејќи тоа им е единствениот извор на енергија. Меѓутоа, поголемиот дел од овошјето и зеленчукот кои ги користат ги одгледуваат на самиот остров, во близината на нивниот дом.

Анже признава дека порано не ни помислувал дека некој може да живее во ваква изолација. „Добивате чувство на суштествување во место со недопрена дивина и вистински живот. Како повеќе да не сте риба во аквариум, туку уживате во слободата на морската шир. Сета анксиознот едноставно испарува од вас“, вели тој.

Сподели на Facebook
пати видено