Секој од нас се сеќава на отфрленото момче или девојче од средно. Без разлика дали биле емо, панк, даркери или слично, сите ги знаеме „чудните“ деца. Но, Вини Ох бил малку почуден од тоа. Тој е 22-годишен маж од Калифорнија, кој е убеден дека е предодреден да стане „вонземјанин без пол“.

Вини е шминкер и модел во слободно време кој бил различен уште од мала возраст. Тој не можел ниту да се идентификува со ЛГБТ групата во неговото училиште затоа што сметал дека „родовите улоги во општеството не се важни“. Сега иако има само 22 години Вини има направено драстични промени во неговиот изглед. Всушност, тој потрошил илјадници долари за финансирање на оваа драстична промена. Тој сакал да стане нешто што никој пред него никогаш не се обидел да стане.

Вини никогаш не се чувствувал ккао маж или жена и поради тоа сакал да го промени својот изглед и да изгледа како андрогиново битие. Кога имал само 17 години ги „средил“ усните. Потоа продолжил со поголеми операции, како што се двете ринопластики и многуте филери кои му се вградени во образите и челото. 110 операции кои вини ги направил за неговиот изглед го чинеле неверојатни 50.000 долари. Еве што вели Вини за неговата трансформација:

„Јас изгледам како Марсовец. Имам голема глава, немам веѓи и некако се поврзувам со тоа. Кога луѓето ме прашуваат како би се означил себеси, им кажувам дека сум „вонземјанин“, „хаос“ и „самоопределен“, тоа е мојот слоган. Со текот на годините, сфатив дека не сум геј, би, транс или било која од овие работи, јас само сакам да бидам јас. Јас го правам тоа за да го инспирирам светот на одреден начин, сакам луѓето да престанат со етикетирање на другите или да ги ставаат во кутии.“

Вини не планира да престане да го менува неговиот изглед. Неговата трансформација станува се повеќе вознемирувачка, бидејќи сака да ги отстрани другите човечки физички особини како што се неговите брадавици, папокот, па дури и гениталиите. Тоа ќе го чини повеќе од 160.000 долари!

  

Сподели на Facebook
пати видено