Суперхероите и злосторниците од стриповите живеат во измислени светови и имаат фантастични моќи кои едноставно не можат да се сретнат во реалниот живот. Но, овие животни навистина имаат натприродни моќи кои би можеле да засрамат ликови како Волверин или Спајдермен.

Влакнеста жаба

zv01

Влагнестата жаба можеби изгледа како обична жаба, но кога е загрозена, таа си ги крши коските во стапалата. Тие скршени коски ја пробиваат нејзината кожа и таа ги употребува како остри, опасни канџи. Оваа жаба е како Волверин во светот на животните.

Рак богомолка

zv02

Човечкото сетило за вид едноставно е премногу слабо во споредба со тоа на ракот-богомолка. Ова подводно суштество се служи со три различни региони во неговите очи. Нивниот вид е толку впечатлив што научниците ги проучуваат за да создадат CD-a DVD-a и холографски слики со подобра дефиниција. Еквивалентот во светот на стриповите е Супермен.

Алпскиот козорог

zv03

Алпските козорози можат да се искачуваат по ѕидови без никакви натприродни моќи на Спајдермен.

Стоногалка-змеј

zv04

Стоногалката змеј може да плука отров цијанид. Нејзин еквивалент во светот на стриповите е Отровната Ајви, еден од смртните непријатели на Бетмен.

Сипи

zv05

Сипите се мајстори на менување на обликот и камуфлажата. Тие можат да се претворат во било кое друго морско суштество. Тие се Мистик на подводниот свет.

Морска краставица

zv06

Морската краставица може да се извади од било каква тесна ситуација со тоа што преминува во течна состојба и на тој начин се провлекува низ тесните простори.

Лира

zv07

Птицата лира има најнапредни гласни жици во светот и може да имитира речиси било каков звук.

Рогат гуштер

zv08

Рогатиот гуштер може да прска крв од неговите очи. Не би знаеле каква супер моќ е ова, но е грозно.

Тардигради

zv09

Тардиградите се речиси неуништливи. Можете да ги подложите на силно зрачее, ништо нема да им биде. Можат да издржат децении без храна и вода, да преживеат во крајно сурови средини, па дури и да преживеат незаштитени во вселената. Овие грдотии се едни од најстарите познати жители на вој свет. А можеби и се вонземјани, кој да ги знае.

Шумска  жаба

zv11

Шумските жаби можат да си ја замрзнат крвта и да издржат екстремно студени временски услови преминувајќи во зимски сон.

Сподели на Facebook
пати видено