На улиците на Њујорк бил виден човек како шета свиња облечена во костум направен од кредитни картички на American Express. Се работело за човек кој играл во позната американска ТВ серија. Така е тоа, богатите луѓе можат да си дозволат сешто и луксузот и безобразно скапите нешта се просто дел од секојдневниот живот.

Доколку некогаш во вашите џебови почнат да ве чешаат милионите, еве една листа предлози за тоа како да ги потрошите.

1. Сублимоушн – ресторан кој ги предизвикува сетилата

sk01

Сместен во хотелот Хард Рок на Ибица, Сублимоушн е делумно ресторан, а делумно театарски перформанс. За да влезете, треба да платите 2015 долари. Вечерите се сервираат на заедничка долга маса во соба без прозорци, кадешто ѕидовите служат како платна за проекции и уметнички слики. Температурата, влажноста во воздухот, осветлувањето, музиката и амбиенталните звуци се менуваат со секое јадење од 20-те кои се сервираат. Ова се прави за секое јадење да биде повеќесетилно доживување, како што е опишано од еден репортер на Daily Mail. Главниот готвач зад сево ова е Пако Рончеро, кој има друг ресторан во истиот хотел со малку подостапни цени..

2. Двегодишна турнеја низ светот

sk02

Дека сте богат знаете не само кога ќе фрлите милион фунти на одмор, туку и кога за тоа ќе можете да одвоите две години. VeryFirstTo.com е сајт кој нуди луксузни искуства, но ова патување од милион фунти е премногу и од нив. Навистина изненадувачки, но досега на нивната понуда се одзвале само двајца – еден студент од Кина и еден бизнисмен од Италија. Патувањето вклучува посета на над 150 земји и се потребни две години за да се заврши.

3. Најскапиот хотелски престој во светот

sk03

The Royal Penthouse Suite е остаклен со непробојни стакла и има свој приватен лифт, бидејќи знаете колку завидливи можат да бидат некои луѓе.

Кралскиот поткровен апартман во хотелот „Претседателот Вилсон“ во Женева ќе ве чини 83.200 долари за една ноќ. Да, така е, за една ноќ. Апартманот е со 12 спални соби, секоја со своја мермерна бања. Исто така во секое време на располагање ви стои приватен персонал кој се состои од готвач, батлер и личен асистент. Околу апартманот има тераса со поглед на Алпите, широк асортиман на забава, табла за билијар и приватна гимнастичка сала.

4. Најскапото шише вино

sk04

12-литарското шише доаѓа во комплет со сандак од даб. Една винарница во Дубаи продава три Балтазари (12-литарски шишиња) Шато Марго 2009 за 195.000 долари по шише. Винарницата Le Clos, која се наоѓа на меѓународниот аеродром во Дубаи, продава три од вкупно шесте произведени вакви шишиња вино. Не само што го добивате скапоценото вино, туку и лет до Франција (прва класа, се разбира) за да го посетите виноградот и приватна тура низ винските визби. Исто така добивате и вечера на која главен домаќин е главниот винопроизводител на Шато Марго.

5. Приватен остров

sk05

Островот Лаукала на Фиџи е ненаселен остров на издавање. За само 150.000 долари за една ноќ (треба да уплатите за минимум пет ноќи), најмногу до седумдесет и двајца луѓе можат да уживаат во неговите удобности, кои вклучуваат најразновидни спортски активности, предавања и секакви видови храна. Секој гостин добива 90 минути спа третман. Одморалиштето било развиено од Ред Бул магнатот Дитрих Матешиц, кој го опишува како „рај на Земјата“.

6. Најскапата кредитна картичка

sk06

Кредитната картичка Centurion е направена од анодизиран титаниум, бидејќи – а зошто па да не? Оваа картичка на American Express е најексклузивната картичка која за да ја добиете, треба да имате имот вреден најмалку 16.3 милиони долари и приход од 1.3 милиони. Исто така, треба да платите почетна такса од 7.500 долари и годишна од 2.500 долари. Ако можете да си го дозволите ова, тогаш можете да си дозволите практично сѐ. Најголемата инвестиција направена со оваа картичка изнесува 52 милиони долари за приватна јахта.

7. Airbus A380

sk07

Билет за лет со овој луксузен авион ќе ве чини 23.077 долари и повеќе личи на хотел со пет ѕвезди отколку на авион. Како што пишува репортерот Дејвид Лоу, луксузот започнува и пред да се качите на авионот. Кога ќе пристигнете, ве водат во приватна чекална кадешто ве чекаат најразновидни деликатеси и носач кој се грижи за вашиот багаж. Во авионот патниците добиваат своја приватна соба со кревет, шкафови и чаша Дом Перињон. За време на летот добивате уште храна, а на подарок ви се даваат слушалки Bose и Ferragamo прибор за лична хигиена.

8. Дијамантска тетоважа

sk08

Секој љубител на тетоважи ќе ви каже дека квалитетната тетоважа не е евтина, но ова е сосема подруго ниво. Исто така, оваа тетоважа не е од постојан карактер (што е исто така добро). За промоција на нивните производи, јужноафриканската дијамантска компанија Шимански залепила 612 дијаманти врз моделот Минки ван дер Вестхуизен. Вредноста на дијамантите е проценета на 924.000 долари и ѝ го отежнувале движењето на Минки. Но, промоцијата била успешна и од Шимански планираат уште вакви промоции за во иднина.

9. Најскапиот апартман во светот

sk09

Сѐ уште е во изградба, но кога ќе се заврши, Одеон Тауер во Монако ќе биде најскапиот поткровен апартман во светот, чинејќи цели 400 милиони долари, што е речиси два пати поскапо од сегашниот рекорд за најскапиот апартман кој се наоѓа во Хајд Парк во Лондон, продаден за 223 милиони долари. Апартманот се состои од пет нивоа, секое со своја кујна, а на најгорното ниво има сала за танцување која преку водена лизгалка е поврзана со т.н. бесконечен базен на терасата. Паркингот се продава дополнително и чини 330.000 долари.

10. Крстарење низ светот

sk10

Светското крстарење во организација на Silverseа започнува од Лос Анџелес и влегува во 49 пристаништа за време на патешествието низ светот во траење од 115 дена. Последната станица е Форт Лодердејл, Флорида, а гостите престојуваат во просторни апартмани со балкони и ресторани. Цената за сето ова изнесува 346.500 долари.

Фактот што ваквите скапи нешта воопшто постојат е сам по себе збунувачки. На крајот на краиштата, сите овие пари зар не би можеле да се потрошат на нешто што ќе биде од поголема полза за човештвото? На пример како помош за гладните, бездомните и сл….но бескраен базен?

Сподели на Facebook
пати видено