Уште со дебитирањето на ТВ во 2014, „Ловци на духови“ (Ghost Hunters) го заробија вниманието на светот со нивниот приод кон паранормалните активности. Оваа година шоуто ќе ја доживее својата премиера на 10-тата сезона, ветувајќи дека ќе биде најдобрата сезона до сега.

Саманта Хос е ќерка на Џејсон Хос, основачот на The Atlantic Paranormal Society (TAPS), организацијата прикажана во Ловци на духови. За Саманта, паранормалноста секогаш била животен факт.

gh01

Која е Саманта Хос, еве таа ќе ви каже самата:

Јас сум саманта Хос, имам 24 години, мајка историчар и истражувач на паранормалните појави.

Си влегла во свеот на истражувањето на паранормалноста на многу млада возраст, на четири години. Како изгледаше да се расте на тој начин?

Во секој случај беше „поинаку“ од вообичаеното детство. Но не го разбирав тоа сѐ до средно училиште кога дознав дек дека не сите семејства ги минуваат нивните викенди изведувајќи ги тие невообичаени активности како моето. Се сеќавам дека бев многу мала и првиот тим на ТАПС се собираше во една кафетерија во петок вечер. Ќе седев таму со мојот сок од ѓумбир, очигледно премногу мала за кафе, слушав каде планираат да одат тој викенд, и гледав како споделуваат докази од претходниот случај. Едвај чекав да дојде секој нов петок.

gh02

Колку често одеше на истражување со твојот татко?

Тој секогаш правеше мали истраги со мене и моите брат и сестра. Како што растевме, ни беше дадена поголема слобода да истражуваме посамостојно кога одевме на случаите со него. Дури можевме и самите да си спроведуваме нашите истражувања. Сега ја имам таа среќа да истражувам секоја недела, па дури спроведувам и приватни истраги за викендите, кои не се за телевизија.

Дали од самиот почеток веруваш во паранормалното?

Верував, но тоа веројатно најмногу се должи бидејќи не ти е кажано ништо поинаку. Како што е познато, децата се подложни на паранормални искуства бидејќи сѐ уште не ги развиле предрасудите против тоа што општеството може да го смета како ирационално или ненормално. Како што растев сѐ уште никој не се обидуваше да го филтрира тоа што го доживував, што е прекрасно. Ја имав можноста да растам и да си правам свои заклучоци и интерпретации за светот и енергијата околу нас. Многу сум и благодарна на моите родители поради тоа.

Дали имаше дефинирачки момент кој го заврсна твоето верување и те направи вистински верник?

Секако, поверуваш кога ќе видиш со свои очи.

Кое е твоето најстрашно искуство кое си го имала за време на истрага?

Пред осум години истражував една локација која татко ми ја истражуваше две ноќи пред тоа. Додека бев внатре, го слушнав татко ми како ми зборува од ходникот велејќи ми да ја напуштам зградата бидејќи сум во опасност. Во тоа време тој лежеше болен в кревет па така се прашував што би барал тој тука. Кога се доближив на еден метар од тоа што верував дека беше мојот татко, „тој“ помина низ заклучена врата која не води никаде.

Тоа беше еден од тие ретки моменти кога се чувствував неудобно за време на истражување. Но не се уплашив и не избегав избезумена. Едноставно се заблагодарив на што и да беше тоа што ми даде совет дека не сум безбедна таму и полека си заминав. Како и да е, секогаш се чудев на тоа како „тоа“ ме знаеше по име и знаеше дека за да го привлече моето внимание, треба да го имитира мојот татко, бидејќи тоа ми беше прв пат да бидам таму.

_UNI7244.JPG

Како изгледаше да се гледа како бизнисот на татко ти прераснува во огромна дејност на истражување на паранормалното?

Првото што ми паѓа на ум? Лудо, не би сакала да го употребам зборот „бизнис“, бидејќи прави да звучи како татко ми и другите да заработувале пари од тоа. Сите истраги беа и секогаш ќе бидат бесплатни, мислам дека тоа повеќе се сметаше како авантура, подвиг.

ТАПС растеше и потоа дојде Пилгрим Студиос, кое секако помогна дејноста и нашиот тим да пораснат. И одеднаш имавме огромен број на фанови, потпишувања на автограми и конвенции на кои доаѓаа илјадници луѓе да се сликаат со луѓето кое ги сметав семејство. Најдоброто од сето тоа беше што голем број на луѓе сега можеа слободно да говорат за нивните сопствени искуства, за прв пат луѓето ги слушаа зборовите „не, не си луд.“

Дали камерите влијаеја на некој начин врз истрагите?

Не баш. Не влегуваме во домови и згради со огромна камерманска екипа и осветлување. Се наоѓаме во целосна темница, верувајте ми, постојано се сопнувам од нешто. Тимовите имаа по еден камерман кој со години е во шоуто, па така знаат како оди работата. Стојат одзади и гледаат, без зборување, без светло. Ја работиме работата и забораваме на сѐ околу нас. Камерманите се наоѓаат и поради тоа што тие вообичаено се на спротивната страна во просторијата, па кога ќе слушнеме нешто или кога ќе мислиме дека сме виделе нешто немаме само рачни камери или некоја статична која сме поставиле, туку како резерва ни доаѓаат и нивните ленти.

gh04

За тие кои се скептици за духовите и паранормалното, кој доказ би им го понудила?

Би сакала да можам да направам сите да поверуваат, единствено поради причината што мислам дека живеењето на животот со затворени очи за такви чуда е многу досадно. Нема некој доказ кој би можела да го споделам со сите кој никој не би можел да го оспори. Едноставно така стојат работите.

Но, има една идеја за која би сакала да поразмислат тие кои се сомневаат. Верувам дека нашите тела не се ништо друго освен заменливи, потрошни садови. Телата можат да болат, да стареат и да бидат ранливи и на крај целосно да откажат. Но вашата душа не умира, тогаш каде оди таа? Продолжува и наоѓа нов сад кој ќе ја содржи таа енергија или може да талка бесцелно додека не го стори тоа.

Можеби е тешко да се согледа тоа но се надевам дека еден ден ќе доживеете нешто што ќе ви ги отвори очите за сите нешта кои се насекаде околу нас, кои во моментот не можете да ги видите.

gh05

Во моментот студираш на Универзитетот на Род Ајленд кадешто студираш педагогија. Дали планираш да продолжиш со паранормалните истраги и по твоето дипломирање?

Се разбира. Не поминал ни еден ден во кој паранормалното не било дел од мојот живот. Јас всушност веќе дипломирав и едвај чекам да почнам да предавам. Но секогаш ќе има некое учителско работно место. Но по сѐ изгледа нема секогаш да имам можност да патувам и да истражувам неверојатни локации низ целата земја. Но, дури и кога ќе дојде крајот на шоуто и сите ќе мораме да правиме нешто друго (што веројатно нема да се случи наскоро, бидејќи сѐ уште снимаме супер епизоди, но да бидеме искрени, сѐ си има свој крај), секако ќе продолжам да истражувам локални случаи.

gh06

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено