Најрпвин морето го родило животот. Сега, благодарение на тројца филипински пронаоѓачи, морето раѓа и светлина. Предводени од инженерот Липа Асиа Мијена, тимот развил концепт за ламба која може да испушта светлина во траење од осум часа со помош на само една чаша солена вода.

Не само што Филипините се подложни на природни катастрофи како тајфуни и земјотреси, туку земјата е сочинета од преку 7000 острови, од коишто повеќето немаат пристап до електрична енергија, вели тимот. Но тоа што го имаат во изобилство е морето – изобилен извор на морска вода која сега може да се употребува за осветлување на домовите, а во итни случаи и за полнење на мобилни телефони.

Ламбата функционира слично како и производството на батерии, со таа разлика што целата хемиска реакција е безбедна и безопасна. Плус тоа, нема никакви запаливи материјали и компоненти. Употребувајќи ја осум часа дневно, ламбата може да обезбедува светлина за шест месеци до година, во зависност колку ефикасно се употребува, без да има потреба за замена на делови од неа.

Во текот на последната година SALt (Sustainable Alternative Lighting – одржливо алтернативно осветлување) освои вкупно седум награди за претприемништво и иновативност.

salt-1 salt-2 salt-3 salt-4 salt-5

Сподели на Facebook
пати видено