Оваа јавна скулптура ја сочинуваат 161 километри коноп испреплетени во мрежа над американскиот град Бостон. Авторот, Џенет Екелман, го дизајнирала уметничкото дело наречено „КАко веќе да сме биле тука“ за да ја отслика историјата на местото на инсталацијата. Екелман исто така имала намера нејзиното дело да биде визуелна метафора – начин „визуелно да се прониже ткаенината на градот со уметност.“

Во најширокиот дел инсталацијата се протега 182 метри и содржи преку 500.000 јазли за структурна поддршка. Со секое бранување во воздухот, се бранува и огромната инсталација, а како што денот одминува, огромната мрежа почнеува да свети, благодарение на сензорите со кои е опремена.

„Како веќе да сме биле тука“ е само една од огромните скулптури на Екелман. Таа исто така инсталирала свои дела и во Монтреал, Сиетл, како и на други места.

echelman_01 echelman_05 echelman_07 echelman_08 echelman_10 echelman_11

Сподели на Facebook
пати видено