Благодарение на современата технологија, никогаш не било полесно да се почне свој бизнис. Овој лесен пат до претприемништвото доведе до формирање на некои прилично откачени компании, но „Тимот на воскреснувачи на мртви“ веројатно претставува еден од најоткачените примери. „Тимот на воскреснувачи на мртви“ е тим на христијани-евангелисти кои веруваат дека имаат моќ да ги враќаат луѓето од мртвите само со помош на молитва.

Еве ги луѓето од тимот. Нивната сторија е документирана во онлајн документарен филм.

dr01

Екипата е предводена од Тајлер Џонсон, кој тврди дека тој лично досега воскреснал 13 луѓе само со помош на молитва. Во документарниот филм, Џонсон раскажува за тоа како се вратил на верата и ја открил неговата „дарба“.

dr02

Џонсон се наоѓал покривот од семејната куќа, заедно со неговиот татко, на когошто ненадејно му се слошило и му запрело срцето. Тогаш Џонсон се молел и наводно така го вратил татко си од мртвите на самото место. За жал, во документарниот никаде не се демонстрира воскреснување.

dr03

Сепак, Џонсон цврсто стои на тоа дека има божествена моќ благодарение на која може да ги оживува мртвите. Всушност, Џонсон вели дека според Библијата, сите луѓе ја имаат таа моќ.

dr04

Дел од мисијата на Џонсон како водач на „Тимот на воскреснувачи на мртви“ е да ги научи другите на техниката за оживување на мртви. Тој тврди дека го пропатувал светот и веќе научил многумина. Но, дали навистина има такви способности?

dr05

Погледнете го трејлерот за „Вокреснувач“(Deadraiser)

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено