Фотографија од избриченото Хаски стана вирална откако беше објавена на социјалната мрежа Твитер, од страна на корисник потпишан како „Omona Kami“. Под фотографијата пишувало: „Доколку не сте виделе Хаски без крзно тогаш еве ви. Уживајте.“

Голем број на корисници на социјалните мрежи го обвинија сопственикот за суровост и нечовечко однесување кон кучето. Ова се неколку од коментарите на Твитер од загрижените луѓе.

Лили Старк, напишала: „Ова трајно го уништува нивното крзно и предизвикува повеќе да не функционира како што треба.“

Марк Ворнер додал: „Освен ако кучето нема сериозен медицински проблем, тогаш ова НИКОГАШ не треба да го направите на куче со два слоја крзно.“

Арон Гајгер коментира: „Ова може да биде опасно по животот на Хаските. Не знам дали некој ти го посочил тоа. Не е смешно.“

Исто така имало и коментари од тип „ужасно“, „вознемирувачки“, „погрешно“ и слично. Но најголемиот дел од луѓето сметаат дека сепак оваа фотографија е навистина смешна.

Сподели на Facebook
пати видено